ВИДЕО: Со булдожери и оклопни возила полицијата во Сиетл ја отстрани „Автономната зона“

Од:

Полицијата во Сиетл денес изврши рација во „Автономната зона – Капитол Хил“, во областа окупирана од демонстрантите кои со недели протестираат против расизмот во САД, јавуваат американските медиуми.

Полицијата интервенираше со булдожери и оклопни возила, отстранувајќи ги барикадите кои ги поставија демонстрантите.

Во полициската акција, 13 демонстранти се уапсени откако градоначалничката на Сиетл, Џени Дуркан издаде наредба за расчистување на зоната поради зголемениот број на насилства и криминал. Во изминатите денови, беше јавено дека двајца тинејџери биле убиени во зоната, а имало и повеќе случаи на престрелки со огнено оружје.

„Црните животи се важни, а и јас исто така сакам да го поддржам ова движење кон значајни промени во нашата заедница, но доста беше,“ изјави шефицата на полицијата во Сиетл, Кармен Бест.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина