ВИДЕО: А1 во потрага во Таринци – вонземјани нема!

Од:

Откако палаглајдејристот Ментор Саити од Гоставар го објави видеото на Youtube со чудниот круг на полето, екипата на А1, тргна да одговори на прашањето што снимил Саити, природна појава, уметничка инсталиција, НЛО или обична измама.

Селото Таринци не дочека празно. Немаше никој ни по дворовите ни по улиците. Сите се на жетва. Одвај најдовме двајца жители кои не виделе ништо невообичаено. Ја виделе само екипата што снимала. Круговите во полето се направени на државна нива. Сопственост на шумското стопанство „Серта“.

Но од таму не одговорија дали неодамна имале некои активности во својот расадник што можат да остават такви траги, рекоа само дека се подготвуват за жетва. Геометриските форми се распослани на стотина метри. Саити во телефонски разговор за а1 децидно тврди дека бил ангажиран од агенција да сними рекламен материјал и при пробното летање со моторен параглајдер, чудната трага во полето ја забележал сосем случајно.

Не знае дали некој претходно интервенирал во него и дали е дело на човечка рака, затоа што кругот го снимил само од воздух и тоа од 400 метри височина. Меѓу луѓето во селото се шири приказна дека екипата тука дошла да бара злато. Поделени се мислењата дали случајно го открила необичниот печат во полето или зад приказната се крие нешто друго.

Според некои жители кои не сакаа пред камера, необично е што групата на „скопјани“ како што тие ги нарекуват дошла точно на таа локација и цел ден сликале. На теренот кај нивата јасно се гледа дека некој се качувал и на околните дрва. На интернет веќе почна да кружи видео со упаства како да се направат геометриски кругови во поле. Се појавија и тврдења дека умешно се искористени и во случајот.

Ги искористил ли некој упатствата за да привлече внимание или едноставно се работи за природен феномен, засега прашањето останува без одговор. Но измама или не нешто вакво прв пат се случува во Македонија.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ