Во изминатиот период направивме многу во областа на култуарата, ги подобривме условите во кои работат културните работници, ги зголмивме нивните примања, нешто што е потребно за да можат креативно да се изразуваат, порача вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска која денеска заедно со директорката на Драмскиот театар Катерина Коцевска, заменик-минситерот за култура Владимир Лазовски и националниот координатор за култура во Владата Роберт Алаѓозовски, изврши увид во тековни активности за реновирање во Драмскиот театар.
По првпат после 2005 година, потенцира таа, се носи колективен договор што укажува на тоа дека се подобруваат условите за работа на културните работници.
-За да може да имаме добра култура, за да имаме можност тие креативно да се изразуваат навистина треба да вложиме во плаќање достоинствено на нивната работа. И токму затоа, минатата година се направи покачување или нивелирање на платите и 90 проценти од вработените во културата добија покачување просечно од 13,9 проценти. Но, поважно е од покачувањето тоа што првпат во културата се воведе плаќање еднаква сума за еднакво извршена работа со еднаква сложеност и тоа е големо достигнување, рече Царовска.
Таа смета дека во наредниот период сите ние заедно треба да вложуваме во културата уште повеќе затоа што, како што рече, ваквите објекти имаат своја душа, ваквите објекти имаат потреба од грижа и инвестиција за да може да имаме и соодветни претстави, но исто така и на децата и на возрасните да може да им се промовираат новите вредности, европските вредности, современоста, а не да се обидуваме да ги вратиме неколку века наназад.
–Но, дополнително она што во културата е важно да се напомене дискутирајќи тука со актерите и со вработените е дека навистина во две години се промени начинот на кој што културата им се обраќа на гледачите или конечно во сите содржини во целиот репертоар се воведуваат современи европски вредности кио значат и за сите нас како граѓани, но исто така и за луѓето кои се во културата и кои живеат од културата, рече вицепремиерката Царовска.
Директорката на Драмскиот театар Катерина Коцевска изрази задоволство што конечно нешто се прави во театарот, во неговата нфраструктура.
-Од Министерството за култура побаравме средства за витални работи кои ни се неопходни, како стаклата на канцелариите и влезот на самиот театар но и за она што е најважно за нас, а тоа е сцената која е непроменета над 60 години, од кога е направен театарот, рече Коцевска.