ВИДЕО: Се гради нов центар за логистички услуги во Скопје, инвестиција од 4,5 милиони евра

Од:

Стартуваше изградбата на нов модерен логистички центар на компанијата „Дени Интернационал“, инвестиција од 4,5 милиони евра која треба да обезбеди нови 80 до 90 работни места. Со локација на главниот крспотат во државата и на влезот на главниот град, објектот ќе се гради на површина од 70.000 квадратни метри земјиште, од 12.800 метри квадратни магацински простор, илјада метри квадратни административен дел и канцеларии и сместувачки капацитет за околу 400 товарни возила или други комерцијални возила.

На настанот присуствуваше премиерот Оливер Спасовски кој рече дека со оваа инвестиција компанијата продолжува да ја остварува мисијата и главната определба да се позиционира на високо место во деловната заедница како компанија која негува највисоки стандарди во транспортот, шпедицијата и логистиката на овие дејности и да им излезе во пресрет на потребите и очекувањата на своите деловни партнери и клиенти преку обезбедување на квалитетни и професионални услуги.

– Во овие сложени услови за деловно работење предизвикано од Ковид-19, сопственикот и менаџментот на „Дени Интернационал“ не се откажаа од реализацијата на стратешките цели на компанијата насочени кон континуиран раст и развој на организацијата, проширување на дејноста, зголемување на профитот, меѓутоа и не се откажаа ниту од раст на економијата во сопствената земја, нагласи Спасовски, кој во името на Владата ја поздрави оваа нова иницијатива.

Заменик извршниот директор Дејан Јакимовски потенцира дека „Дени Интернационал“ досега беше и во иднина ќе го заврши приматот на лидер во транспортно логистичките услуги во државата.

– Со овие проекции и локацијата на која се наоѓаме, овој објект ќе претставува центар на логистичките услуги во Македонија. Почнувајќи од обезбедување транспорт, царини на стоки, до утовар и истовар складиштење, пакување, препакување на роба и секако паркинг за товарни возила, нагласи Јакимовски.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски упати честитки на компанијата и посочи дека таа како општествено одговорна компанија и семејна фирма ги подобрила квалитетот на животот и условите, со тоа што дополнително отвора нови работни места и каде условите за работа се одлични.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница