Петнаесет студенти повредени во судири на универзитет во Анкара

Од:

Петнаесет лица се повредени синоќа на универзитет во Анкара при судири меѓустуденти приврзаници и противници на преговорите што турската Влада ги води со курдските бунтовници за прекин на конфликтот.

Полицијата интервенирала со оклопни возила и солзавец за да ги растераат десетиците студенти кои се тепале со стапови и камења во кампусот на Блискоисточниот технички универзитет.

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер минатата недела изрази жалење за зголеменото насилство на универзитетите во врска со мировниот процес.

Универзитетските кампуси во Турција одамна се претворени во места на насилство меѓу групи студенти со различни политички убедувања.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски