Министерот Димковски на работен состанок со концесионерите на ловиштата

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска одржа работен состанок во ловиштето Лакавица со дел од концесионерите на ловиштата од источниот дел на нашата држава.

На состанокот, како што денеска соопштија од МЗШВ, се разговарало за новиот Закон за дивеч и ловство кој е во завршна фаза на изработка.

– По повеќе одржани средби со концесионерите, конструктивни дискусии и предлози во изминатиот период, може да се каже дека законот е во финална фаза. Законот за дивечот и ловството, претставува нов Закон за ловство кој како новина ќе ги содржи сите елементи кои се во полза на развојот на дивечот, концесионерите, ловниот туризам и ловството во нашата земја, се наведува во сопштението и се додава дека оваа стопанска гранка има многу голем потенцијал за развој, а нашата држава има услови за тоа.

МЗШВ, стои во соопштението, активно работи во обезбедување на уште поповолни услови за развој на оваа гранка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата