„Власта сака вештачки да ги избрише невработените и лажно да се намали скандалозно големата бројка на невработени. Груевски дојде со ветување од 8 милијарди евра инвестиции од кои нема ни денар и ова хистерично бришење се единствен начин да ја намали невработеноста“, изјави Маринела Тушева од СДСМ.
Тоа појасни, се прави со измените на Законот за осигурување и вработување во случај на невработеност, за кои рече дека се погубни. Појасни со пример – на лекар ке му понудат да работи како болничар или медицинска сестра од Штип секој ден да патува во Тетово и тоа со јавен превоз. Или пак електроинженер да менува сијалици и да патува секој ден од Штип во Кавадарци.
Со ова вели, се поништува образованието, зошто ни се 98% средношколци што одат на факултет ако државата во старт им кажува дека ќе бидат приморани да работат со пониско образование? Кој е ефектот од нивниот макотрпен труд потрошени години? По сето ова, вели Тушева, да не се чудиме зошто по најновите истражувања 80% од младите луѓе се чувствуваат немоќни да сменат нешто во државата а 50% сакаат да се иселат од Македонија.
„Со предлог законот ВМРО ДПМНЕ им удира шлаканица в лице на невработените , студентите и за сите оние кои плаќаат данок. Ова е признание дека нема ништо од лажните ветувања за подобар живот и дека гарнитурата на ВМРО ДПМНЕ е хронично неспособна да ги реши проблемите на граѓаните“, изјави Тушева.