Бесими: Реализацијата на европската интеграција бара придонес на целото општество

Од:

Процесот на европска интеграција на Македонија не е исклучиво во надлежност на државните институции, туку на целото општество, на сите граѓани. Сите ние треба да дадеме придонес за да се исполни целта, порача вицепремиерот задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими обраќајќи се на Конференцијата „Вградување на знаењето за ЕУ“ што се одржува денеска во Скопје.

– Европската интеграција е важен, комплексен и релативно долг процес. Ние треба да градиме капацитети за да го спроведеме процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Но, исто така, тие капацитети треба да ги подготвиме да бидеме конкурентни на европскиот пазар,  и да бидеме подеднакво подготвени како и сите други граѓани и институции од земјите членки на ЕУ во исполнувањето и почитувањето на стандардите и принципите што владеат во Унијата, рече тој.

Ние, додаде Бесими, сме свесни  за важноста на процесот за Македонија и за сите земји во регионот, бидејќи, како што истакна, европската перспектива се покажа како еден од главните катализатори кои доведоа до спроведување на суштински реформи и зајакнување на демократските стандарди. Европската и евроатланската интеграција, додаде, е важна и поради тоа што овозможува мир, стабилност и економски развој.

– За овој процес да биде ефикасен нам ни се потребни ресурси. Токму затоа, сметам дека формирањето на една мрежа од експерти кои знаењето го стекнале на реномирани европски институции и работат на прашања поврзани со европската интеграција може да даде значителна поддршка и екпертиза во преговарачкиот процес, рече вицепремиерот Бесими.

Британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон се согласува дека за успешна реализација на овој евроинтеграцискиот процес е потребен ангажман на сите ресурси, на целокупното општество. Покрај на државните институции, потребен е и придонесот на поединецот, на цивилниот сектор, но и споделување на стекнато знаења за општо добро на државата.

– Европската интеграција е ваша задача, ваша одговорност. Ваш е и изборот дали сакате да ја преземете одговорноста. Мислам дека меѓународната заедница има изготвено многу јасен патоказ како Македонија ќе се движи кон своето членство во ЕУ, така што таа ја исполни својата обврска. Сега топката не е кај нас, туку кај државтата, рече Ивон.

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика смета дека младите експерти преземаат одговорност да дадат позитивен придонес и поттик во процесот на европската интеграција на Македонија.

Конференција „Вградување на знаењето за ЕУ” е организирана од Институтот за европска политика со поддршка од Британската амбасада.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија