Голем пожар избувна денеска во фабрика за хемикалии во турскиот град Гебзе на 40 километри од Истанбул. Според локалните медиуми пожарот избувнал во една од халите на компанијата и брзо се проширил на површина од 5.000 метри квадратни.
Засега нема информации за жртви и повредени.
Пожарникарите не можеле веднаш да почнат со гаснење на огнот, бидејќи во просториите постојано експлодирале хемикалии. Во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникарски екипи.
Фабриката за хемикалии во Гебзе извезува производи во над 50 земји во светот. Според првичните проценки штетата од пожарот може да изнесува околу 8,5 милиони долари.