ВИДЕО: Полицаецот кој учествуваше во убиството на Флојд виден во супермаркет во Минесота

Од:

Александар Коун, еден од полициските службеници кој е обвинет за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, беше забележан во еден локален маркет во Минесота, каде што пазарувал неопходни намирници.

Тој беше ослободен со кауција од 750.000 американски долари. Жена го забележала Коун во супермаркетот „Кјуб фудс“ и веднаш решила да ја вклучи својата камера и да побара неколку одговори во врска со случајот „Флојд“ кој иницираше масовни протести ширум светот поради полициската бруталност во која учествуваше и Александар Коун.

Жената која го снима видеото, најпрвин го прашува 26-годишниот поранешен полицаец како се вика, а тој веднаш го потврдува својот идентитет, по што жената која снима вели:„Значи ти не си во затвор и удобно си пазаруваш во Кјуб фудс, како ништо да не си направил“.

Поранешниот полицаец одговара дека ги набавува своите неопходни намирници, иако го посетил маркетот само за да купи орео колачиња.

Во текот на видеото се слуша дека жената која го снима видеото повторува дека тој не треба да биде таму туку во затвор и го обвинува дека тој „убил човек ладнокрвно“.

Според информациите од американските медиуми, Коун бил на смена и му помогнал на Дерек Шовин кој го усмрти Флојд, да го задржи Флојд пред тој да го приклешти вратот на Афроамериканецот.

Коун е обвинет за помагање и поттикнување во убиството на Флојд, но поради платената кауција сега се наоѓа на слобода.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија