Шест работи кои не можете да ги промените кај мажите

Од:

Запознавте момче и сметаме дека тој е речиси совршен во секоја смисла, освен во врска со една голема работа. Сепак не се откажувате од него. На почетокот се обидувате да го игнорирате тоа што ве нервира, но всушност цело време се воздржувате.

Пополека добивате желба да сторите тоа што ви е кажано дека никогаш не треба да го направите во една врска – да се обидете да го смените. Иако такво нешто досега не ви успеало, овој пат сте уверени дека тој ќе се покори на вашата волја и ќе ги отфрли навиките, кои ве нервираат. Можно е вашето момче да се промени во некои работи (на пример да ја спушта даската од веце школката или некоја друга ситница), но треба да бидете свесни дека немате големи шанси во врска со некои важни прашања.

Следуваат шест работи, кои никогаш нема да можете да ги промените кај мажот:

1. Љубител на кучиња

Без разлика колу преслатки мачиња ќе му ставите под нос, доколку тој е човек кој сака кучиња тука нема многу простор за компромис. Вашата опседнатост со мачките можете да ја задржите за себе и да заборавите дека ќе го претворите во некој кој ги сака мачките.

2. Зависник од телевизија

Ваквиот маж љубовта нема да го мотивира да излезе надвор и да прошета некаде со вас, бидејќи со тоа губи скапоцено време, кое „паметно“ би го потрошил гледајќи во ТВ екранот. Секако дека нема да ве откачи секој пат кога имате големи планови за излегување, но не очекувајте од него да биде подготвен да тргне во вас во утринска викенд прошетка.

3. Љубител на пиво

Можеби мислите дека виното треба да биде избор на пијалок за софистицираните луѓе, но за ова момче нема ништо подобро од студено пиво.

4. Мамин син

Не смеете во никој случај да се најдете и да застанете меѓу мажот и неговата мајка, без разлика колку години има тој. Мама секогаш ќе има моќ да му создаде чувство на вина, кое ќе биде посилно од вашето влијание.

5. Спортски фанатик

Тој не е маж, кого го интересира само еден спорт. За ваша несреќа ова момче ги сака сите спортови. Тоа значи дека следи се и својот живот го планира во согласност со спортските случувања. Ова е кошмар за жената, но тука нема многу што да се стори. Ќе морате да разработите тактика, со цел да се прилагодите на него или да бегате без да се свртите наназад.

6. Ветрушка, која не може да седи на едно место

Во својата куќа тој само преспива, а во текот на денот е во состојба да го прошета половина град и да се види со неколкумина пријатели. Доколку тој сака да кампира, а вие ја сакате модата, вашата романса е осудена на пропаст.  Хиперкативниот фраер во тој случај е идеален за необврзувачка врска и гледање од време на време.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска