Една од најголемите европски авиокомпании Бритиш Ервејс склучи договор за купување 36 патнички авиони Ербас А350 чија вкупна вредност е поголема од 12 милијарди американски долари.
Бритиш ервејс соопшти дека нивните сопственици од компанијата ИАГ потпишале меморандум за разбирање кој подразбира набавка на 18 авиони Ербас А350-1000 со опција за купување на уште 18.
Секој од тие авиони има цена од 332,1 милион долари.
Зделката е дел од долгорочна стратегија за обнова и модернизација. Во почетокот на овој месец, ИАГ објави дека со Бопинг склучиле договор за купување 18 авиони Дримлајнер 787.