„Тројката“ во инспекција во Грција

Од:

Грција е во трка со времето да подготви платформа за преговорите со лидерите на таканаречената тројка, претставници од меѓународни кредитори од Европската Унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, веќе дојдоа во Атина.

Тие ја чешлаат работата на министерствата за да ја оцената буџетската кондиција на Грција.

Лидерите на „тројката“, треба да пристигнат денес за да дадат оценка во која мера се спроведени ветените реформи во земјата. Се очекува разговорите со „тројката“ да се фокусираат на реализирањето на буџетот, приватизациите, работните односи и кастрењата во државниот сектор.

Треба да се сретнат со премиерот Андонис Самарас и со министерот за финансии Јанис Струрнарас.

Од извештајот на лидерите на „тројката“ зависи дали Грција ќе добие нова финансиска инекција, на што се надеваат претставниците на новата владејачка коалиција.

Самарас очекува продолжување на роковите за спроведување на реформите до крајот на 2016 година, кога земјата и нејзините жители би требало да заздрават од кризата.

Весникот „Вима“ пишува дека премиерот Андонис Самарас вчера наредил да се затворат специјалните секретаријати на министерствата и комисиите за плати со цел да се намалат државните трошоци.

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека не планира повторно да преговара со Грција за кредит од ММФ, Европската унија и од Европската централна банка.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он