Демонстрациите ќе бидат дополнителен удар врз економијата на САД

Од:

Американските компании кои веќе се одлучија да го напуштат Минеаполис, градот од каде започнаа демонстранциите во САД по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, само ја надополнуваат низата од економски предизвици со кои се соочува државата.

Американскиот производител „Сигма АД“ се одлучи да го напушти градот по цели четири децении носејќи со себе околу педесет работни места што претставува голема загуба што Минеаполис не може да си ја дозволи, соочувајќи се со најголемиот здравствен, но и економски проблем – пандемијата со Ковид-19.

Претседателот и сопственик на американската компанија Сигма, Крис Виробек рече дека одлуката за заминување ја донел откако целосно ја загубил довербата во локалните власти додека траеле немирите.

„Закрепнувањето на градот од таквите загуби предизвикани поради големите протести ќе бидат уште попредизвикувачки среде пандемијата“, изјави Џонатан Вејнхеген, извршен директор на Стопанската комора на Минеаполис.

Поради направената штета во градот, локалните власти проценија над 500 милиони долари загуба, повеќе од очекуваното.

Извршниот директор на Стопанската комора очекува повеќе од илјада работни места да бидат изгубени за краток период.

За некако да ги ублажи економските удари, градоначалникот на градот, Јакоб Фреј, создаде програма „Минеаполис напред“, која ќе работи на обновување и поправка на оштетените објекти.

Решението на проблемот не може да се види, но Вејнхеген повикува на сплотеност помеѓу народот, а на властите им порача својот фокус да го стават на заедницата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија