Која е маркетинг професијата на новото време?

Од:

Во последниот период слушаме многу за „падот“ на Маркетингот во Македонија. Дефинитивно сите индустрии се менуваат, па така и нашата. Во LeanSEM работиме со некои од најконкурентните компании од Силиконската  Долина, односно со над 50 од нив. Со тоа имаме можност од прва рака да видиме во која насока се развива светот на дигиталниот маркетинг.

Денес, повеќе од кога било, се бараат резултати. Компаниите ги зголемуваат буџетите за дигитален маркетинг на сметка на сите други маркетинг гранки.

Тоа е поради три клучни причини: 1. Маркетингот на Гугл и Фејсбук (па и сите други дигитални маркетинг канали) се мерливи. Знаете колку добивате за парите и секој вложен долар го насочувате кон резултати; 2. Сега сите се онлајн. Базата на корисници на онлајн платформите постојано расте. Ако до вчера овие медиуми беа нарекувани „нови медиуми“, денеска тие се водечки.

Во новото време една компанија може совршено да работи без канцеларија, но потешко ќе преживе без онлајн присуство; 3. Кризата со Covid-19 и социјалното дистанцирање не „натера“ сите да бидеме многу повеќе онлајн. Една од „последиците“ од кризата, иако според нас ова е позитивна последица — е дигитализацијата. Онлајн купувањето, пребарувањето и информирањето станаа дел од нашето секојдневие, речиси преку ноќ.

Пишува Габи од LeanSEM

 

Би можело да ве интересира

Молеровиќ: Во Македонија има премиум кадри, ние им нудиме можност за светска маркетинг кариера

Ана Ололовска

Малку познати факти за нетворк маркетинг

Ана Ололовска

Конференција за дигитален маркетинг AllWeb

Ана Ололовска

Во Струга тренинг-обука посветена на современите маркетинг практики

Наум Локоски

AllWeb – конференција за предизвиците во дигиталниот маркетинг

Ана Ололовска

Конференција за современ маркетинг

Ана Ололовска