Гасол сподели каде сака да ја заврши кариерата

Од:

Европската кошаркарска легенда, Пау Гасол сè уште не сака да ја заврши кариерата. 39-годишниот крилен играч сака да игра уште една сезона од неговата гламурозна кариера, а неговиот крај на соништата ги вклучува екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Барселона.

– Мојата намера е да играм уште една сезона во Европа или НБА, ако моето стапало е како што треба. Играњето на мојата последна сезона со Л.А. Лејкерс или Барселона е многу привлечно, но мора да ги видиме реалните можности и која ситуација би била најдобра за околностите во моментот, објасни Гасол за „Спорт“.

Гасол е роден во Барселона, а ги направи своите први чекори во каталонскиот тим. Во Л.А. Лејкерс, тој освои две НБА титули во 2009 и 2010 година, заедно со покојниот Коби Брајант.

– Се чувствувам добро. Имав повеќе време да се опоравам. Кога ќе започнам да трчам и да скокам, ќе имам повеќе информации за тоа дали стапалото и коската се излечиле со сигурност, за да можам повторно да играм професионална кошарка, рече Пау.

Шпанецот за последно беше дел од Портланд Трејлблејзерс, но не успеа да запише ниту една минута за тимот.

Проблемите со стапалото го придружуваа повеќе од една година, но Гасол е се уште подготвен да одигра уште една, последна сезона.

Би можело да ве интересира

„Лејкерси“ ја повлекуваат „16-та“ на Гасол

А1он

Гасол се сети на Коби: Ни треба тој менталитет во моментов

Ана Ололовска

Гасол гледа кон Токио и својата петта Олимпијада

Ана Ололовска

Пау Гасол најдобар стрелец на Европските првенства

Наум Локоски

Браќата Гасол најверојатно ќе настапат на Евробаскет 2017

Наум Локоски