Ковчегот со телото на Џорџ Флојд пристигна во црква во Хјустон каде ќе може да му се изрази последна почит на човекот чија смрт, со бруталното полициско апсење во Минеаполис, предизвика протести низ целиот свет и постапка за полициска реформа во САД, јавија американските медиуми.
Златниот ковчег во кој е положено телото на Флојд полицијата го следеше до црквата, каде ќе биде изложен на шестчасовно бдеење и последен поздрав, отворени за јавноста.
Пред пристигнувањето на ковчегот, пред црквата беше направен голем цветен аранжман, во кој од едната страна беа ставени бели рози во облик на срце и иницијалите BLM (Black Lives Matter) -„Животот на црнците е важен“, што се изработен од сини рози и поставени на срцето, додека од другата страна се ставени црвени рози кои се кренати во форма на тупаница.
Присутните кои влегуваат на поклон пред ковчегот мора да носат заштитни маски и ракавици.
Погребот на Флојд ќе биде утре, тој ќе биде погребан на гробиштата во предградието Хјустон Пирленд, покрај неговата мајка.
Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, планира утре да отпатува во Хјустон и да се сретне со семејството на Флојд од каде сака да испрати видео порака за погребот, но нема да присуствува на него, изјави неговиот помошник.