Продолжуваат смртните закани против Нетанјаху

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека третпат поднел пријава во полиција поради заканите кои продолжуваат против него и неговото семејство.

– Денеска, 8 јуни, поднесов уште една пријава во полиција поради заканите за убиство за мене и членовите на моето семејство. Во последно време, експлицитните повици за мое убиство и на членовите на моето семејство јасно ја преминаа границата. Со нетрпение очекувам одлучен одговор од полицијата и престапниците да се изведат пред суд, напиша Нетанјаху на Твитер.

На 1 јуни израелскиот премиер поднесе пријава во полиција во врска со серија смртни закани, кои се однесуваат на него и неговото семејство. Следниот ден, специјалната единица за борба против кибер криминал уапси едно лице, осомничено за објавување содржини на социјалните медиуми со закани за насилство.

Кон крајот на минатиот месец, по првата поднесена жалба од страна на Нетанјаху, за слични обвиненија беше уапсен еден жител на Тел Авив.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протестот

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут