лоба од 3.000 евра ќе платат производители, трговци, пазарџии, аптекари вработени во киосци кои ќе употребат пластични кеси кои не се разградуваат, пропишува новиот Правилник за стандарди за биоразградивост, кој стапи на сила на 7 февруари годинава.
– Причините се нивното штетно влијание и оптоварувањето врз животната средина што е предизвикано од долгогодишниот период на нивното разградување – рече министерот Абдулаќим Адеми вчера во Стопанската комора на Македонија.
Правилникот пропишува дека ќесињата за транспорт на стоки што се пуштаат и употребуваат на пазар треба да го исполнат стандардот што ја определува биоразградливоста на ќесињата.
– Со влегувањето во сила на овој правилник, на 7 февруари 2013 година ќесињата што се употребуваат во Република Македонија, а се наменети за транспорт на стоки во продавници, магацини, складови, деловни простори, зелени пазари и посебни пазари каде што се врши трговија на мало на прехранбени производи, во продавници и киосци каде што се врши трговија на мало на ситни производи и во аптеките каде што се продаваат козметички производи, мора да бидат исклучиво биоразградливи – вели Адеми.
Тој информира дека може да се пуштат во употреба само биоразградливите ќесиња произведени според соодветно пропишаните стандарди за биоразградливост.
– За непочитување на овие одредби предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, како за производителот така и за трговецот – рече Адеми.