Ко-основачот на Редит се повлече и бара да биде заменет со Афроамериканец

Од:

Алексис Оханиан поднесе оставка од управниот одбор на социјалната мрежа Редит и ги повика членовите да изберат нов кандидат кој ќе биде Афроамериканец.

„Го велам ова како татко кој треба да може да одговори на својата ќерка со црн тен на кожата кога таа ќе праша:„ Што направивте? “, напиша Оханиан на социјалната мрежа Твитер.

37-годишниот, кој е оженет со Серена Вилијамс, вети дека ќе ги донира неговите добивки за „да и служи на Афроамериканската заедница, главно за спречување на расната омраза“, започнувајќи со залог од 1 милион американски долари.

Неговата оставка уследи по една недела протести против полициската бруталност и расната нееднаквост низ САД, по убиството на Флојд.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија