Најмалку 16 лица загинаа во поплавите во Јемен по обилниот сезонски дожд, а десетици домови се под вода, соопштија денеска властите.
Сезоната на дождови во Јемен е од април до крајот на август, а најголема штета овојпат има во источната провинција Хадрамут и јужната Шабва, каде дождот започна доцна синоќа.
Најмалку 25 куќи беа поплавени, а стотици говеда се удавија во Хадрамут, соопштија властите.
Јеменското воено воздухопловство ги спасуваше жителите во поплавата.
Националниот метеоролошки центар во Јемен вчера ги предупреди граѓаните да се држат подалеку од одводните канали и да одат на повисоки места.