Манифестацијата „Разигран плоштад“ која ги обединува сите уметности и ги промовира и афирмира сите секции во Детскиот културен центар „Карпош“ оваа година ќе има онлајн-програма.
– „Разигран плоштад 2020“ оваа година остана празен, но Детскиот културен центар „Карпош“ повторно ќе го разигра. Ова издание е поразлично од сите останати, бидејќи и ДКЦ „Карпош“ е секогаш подготвен да ги претстави и промовира своите активности, со програма изведена од членовите на секциите на Центарот, соопшти ДКЦ „Карпош“.