Со онлајн концерт на Ема Попивода со ACOUSTIC ELECTRONICS и проекции на победничките кратки филмови „Осло“ на Шејди Сроу, добитник на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм на ФФФ 2020 и „Розево Ветување“ на Софи Линенбаум, добитник на Специјално признание „Стефан Сидовски – Сидо“, денеска завршува 10. Филозофски филмски фестивал.
Годинашното издание на Фестивалот под мотото „Идеи, светови“, почна на 21 мај и се одржува онлајн поради ковид кризата.
Како што информираат од Филозофското друштво на Македонија, сите филмови од програмата до 24 часот денеска може да се погледнат бесплатно во виртуелната кино сала на македонската VoD платформа Cinesquare: www.cinesquare.net/pff]www.