Се гради атмосферска канализација во населбата СРЦ во Делчево

Од:

Во Делчево започна изградбата на атмосферската канализација на улицата 7 во населбата СРЦ. Надлежните информираат дека согласно градежните активности кои ги изведуваат екипи на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”, предвидена е изградба на канализација во должина од околу 250 метри, по што, како што додаваат, инсталацијата ќе биде приклучена во коритото на река Брегалница.

– Досега од оваа инвестиција на Општина Делчево се изградени околу 120 метри. По завршување на изградбата на атмосферската канализација, ќе се пристапи кон изградба на улицата во должина од 290 метри која сега е со земјен коловоз, информираа надлежните.

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој изврши увид во градежните работи, истакна дека активноста се реализира на барање на жителите од оваа населба, кои долги години бараа решавање на проблемот со патната инфраструктура.

– Денеска со задоволство можам да истакнам дека ги реализираме проектите кои ќе донесат подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. По завршување на работите околу изградбата на атмосферската канализација, ќе се пристапи кон изградба на улицата 7 во СРЦ која ќе добие комплетно нов лик на асфалтирана улица со тротоар и комплетен систем за атмосферски води, рече Трајковски.

Изградбата на оваа улица како што додаде, е во рамките на големиот инфраструктурен проект „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево“ што се реализира преку проектната единица на Министерство за финансии и проектот за подобрување на општинските услуги МСИП финансиран преку Светска Банка.

– Во рамки на овој проект, Општина Делчево доби средства за подзаем од 32,2 милиони денари за реализација на проектот што подразбира, освен изградбата на комплетно нова улица во СРЦ, реконструкција и на улицата „Маршал Тито“со должина од 743 метри, реконструкција на улицата „Вера Јоциќ“ со должина од 599 метри, со што преку овој проект ќе се реконструираат 1300 метри локални улици, а ќе биде изградена комплетно нова улица во должина од 290 метри, додаде Трајковски.

Целта на овој проект според надлежните е подобрување на квалитетот на животот на локалното население од овие улици, но воедно и на сите жители на Општина Делчево.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он