Дете се бори за живот по тешка сообраќајка на улицата „Џон Кенеди“

Од:

Деветгодишно дете хоспитализирано во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е во животозагрозувачка состојба по сообраќајка која вчера во попладневните часови се случила на скопската улица „Џон Кенеди“.

Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од 43-годишник, на кој како сопатик се возел и малолетникот и четирицикл управуван од 42-годишен жител на скопското село Батинци.

Со возило на итна медицинска помош, сите тројца биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он