Спасовски: Влашкиот народ и истакнати личности Власи имаат значајно место во најважните поглавја на нашата историја

Од:

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, во негово, и во име на Владата, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница.

„Денеска го одбележуваме 23 Мај, Националниот ден на Власите, и ова е можност да оддадеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност и државност. Влашкиот народ и истакнати личности Власи, споделувајќи ги овие вредности, учествуваа и имаат значајно место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја и во сите премрежја, во добро и во зло, се нераскинлив дел на нашето заедничко живеење. Би сакал да се заблагодарам за вашиот несебичен придонес во градењето на заедништвото и низ толеранција, доверба и почитувањето да продолжиме да создаваме едно општество за сите. И денес кога се соочуваме со кризата предизвикана од КОВИД-19 заедно со нашите сограѓани Власи, обединети и со солидарни, полесно и побрзо ќе се справиме со актуелната здравствено-економска криза и ќе придонесеме за благосостојба и за просперитет на нашата заедничка татковина“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација и на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата

А1он

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски

Акција на Финансиката полиција, осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски