Груевски удри по НАТО

Од:

Премиерот Никола Груевски во интервју за МИА кажа дека не очекува прием на Македоонија во НАТО поради блокадата на Грција но и дволичната политика на Алијансата. Затоа Груевски вели дека нема да оди на самитот, зашто според него кога Македонија им треба ја користат, а кога нам ни треба НАТО добива лекции од политика и за принципот на солидарност.

„Присуство во Чикаго ќе има од наша страна и тоа многу високо. Повисоко отколку што според мене е нормално, во едни вакви околности, кога на некоја земја и се прави таква неправда, една таква непринципиелност и очигледна политика на двоен стандард, и згора на се, истовремено и се кажува дека треба да се чуствува виновна заради тоа, и да има разбирање кон оној кој ја прави неправдата и да глуми одговорност и достоинство. Пазете ве молам, а не говорат за нивната одговорност и достоинство? Затоа што ова веќе не е само проблем на Македонија, очигледно е проблем и на Алијансата и тоа многу поголем отколку само формален. Ова е суштински проблем, од политичка, морална и меѓународно правна природа, во смисла владеење на право, и НАТО нема одговор за ова. Оттука, не е ова прашање само на Македонија и Грција, туку веќе е прашање и на НАТО“, изјави Груевски.

Груевски во интервјуто вели и дека во Чикаго ќе бидат претседателот, министерот за надворешни работи и амбасадорот во НАТО.

„Јас, лично, да бев на местото на Претседателот немаше да отидам, а не сум сигурен дали и министерот требаше да биде таму во услови на едно такво игнорирање од НАТО во овој изминат период. Можеби неговиот заменик ќе беше реално наше присуство наспроти очигледната незаинтересираност на најмоќните земји на НАТО кон Македонија, и очигледната нивна заинтересираност по секоја цена да и бидат на услуга на Грција, превземајќи товар, ако воопшто го чуствуваат како товар, на крајно непринципиелно и некоректно однесување кон земја за чие членство ја малтретираат со години, а секогаш ја канат кога им треба, дали тоа е во моменти кога им треба за логистичка база како што беше при интервенцијата во 1999 година кон Србија, или кога требаше да бидеме во Авганистан, во Ирак, и други настани каде им требаат сојузници, им треба нашата војска, нашето присуство, нашето знаме, нашата одлучност“, изјави Груевски.

Груевски во интервјуто вели дека ова го говори со крената глава и дека не сака веќе да премолчува никому.

„Се чудам со кое лице, ни се обраќаат одредени претставници на некои водечки земји членки на НАТО, или пак со кое лице не оговараат по кулоарите дека сме пропуштиле некаква шанса со Папандреу, и слични дипломатски фрази, од кои, верувајте ми заради тоа што се крајно непринципиелни ми доаѓа мачнина кога ги слушам. Таква дволичност, таква политика на двојни стандарди, таква непринципиелност и оддалечување од вредностите за кои јавно се залагаат, одамна како преседан го немам забележано, како што е во случајот со Македонија, каде како капак на се, дојде и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во недвосмислена наша корист“, кажа Груевски во интервју за МИА.

Поради ваквата состојба Груевски посочи дека ќе се посвети на проблемите за кои има надеж дека може да успее. Тој најави дека следната недела ќе оди во Италија на средба со тамошните бизнисмени.

„Знам дека во Чикаго нема никаква надеж да го сменам дневниот ред со моето присуство, затоа се посветувам на нешто каде има надеж, да се привлече некоја компанија во Македонија да отвори свој капацитет да вработи наши невработени граѓани“, изјави Груевски во интервјуто за МИА.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски