„АД за Водостопанство на Република Македонија под закрила на Трајан Димковски прави криминал и злоупотребува народни пари. Моментално се вршат работи на каналите за наводнување во Росоман, иако тендерската постапка не е завршена и нема одлука кој понудувач дал најповолна понуда и го добил тендерот.
Ова се фотографии направени ова утро од кои се гледа дека моментално во тек се работни активности за поправка на сифоните во каналите во Росоман“, вели Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
АД за Водостопанство под закрила на Трајан Димковски прави криминал и злоупотребува народни пари
АД за Водостопанство на Република Македонија под закрила на Трајан Димковски прави криминал и злоупотребува народни пари. Моментално се вршат работи на каналите за наводнување во Росоман, иако тендерската постапка не е завршена и нема одлука кој понудувач дал најповолна понуда и го добил тендерот.Иако постапката се уште трае на терен работите се во тек. Оттука се поставуваат логичните прашања:1. Како АД Водостопанство и Димковски знаат која фирма ќе го добие тендерот?2. Дали тендерот е однапред договорен, а јавниот повик е само про форма постапка?Криминалот и неработата во Министерството за земјоделство наскоро ќе бидат минато, а тогаш ќе има одговорност за сите законски прекршувања што ги направи оваа власт.
Posted by Цветан Трипуновски on Четврток, 14 мај 2020
„Ова се податоци од страната на Бирото за јавни набавки, од кои се гледа дека јавниот повик за избор на најповолен понудувач трае до 14.05.2020 година, односно денес. Период по кој треба да се пристапи кон избор на најповолен понудувач.
Иако постапката се уште трае на терен работите се во тек. Оттука се поставуваат логичните прашања:
1. Како АД Водостопанство и Димковски знаат која фирма ќе го добие тендерот?
2. Дали тендерот е однапред договорен, а јавниот повик е само про форма постапка?
АД Водостопанство под закрила на Димковски мора да одговори на овие прашања. Но и да каже што се чекаше цел месец откако е почната сезоната за наводнување за да се пристапи кон чистење на каналите?
Зошто земјоделците беа оставени без вода за наводнување во период кога истата е од клучна важност за земјоделското производство?
Дали фирмите блиски до власта и договорените тендери се причината поради која земјоделците се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат
Очигледно е дека власта работи без план и стратегија. Од денес за утре, само за џебот на функционерите и фирмите блиски до нив.
Криминалот и неработата во Министерството за земјоделство наскоро ќе бидат минато, а тогаш ќе има одговорност за сите законски прекршувања што ги направи оваа власт“, изјави Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.