Шипанзото од зоолошката градина од Џинјанг од Кина станало зависник од цигари и пиво откако несовесни посетители му дале да проба пред неколку години.
Од тогаш шимпанзото буквално полудува кога ќе види посетител со цигара во рака и го моли да му даде и нему една. Интелегентното животно дури има научено и само да си ја пали цигарата.
Чуварите во зоолошката градина велат дека шимпанзото одбивало дури и да јаде доколку не му дадат пиво. Сега раководството на зоолошката бара решение, односно центар за одвикнување на зависности за животни кое би сакало да го прифати шипманзото.