Влада: Согласност за набавка на моторни возила и мебел за потребите на СЕЕБРИГ

Од:

Владата на денешната седница даде согласност за спроведување на постапка за набавка на моторни возила и мебел за потребите на Командата на СЕЕБРИГ.

-Во врска со ова, Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade – SEEBRIG), мултинационалната бригада на Југоисточна Европа во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна Македонија и Турција), која со почеток од месец август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години, 60 офицери на НАТО, ќе работат во командата на оваа бригада, се наведува во соопштението на Владата

Би можело да ве интересира

Касарна „Боро Менков“ во Куманово домаќин на Командата за југоисточна Европа (СЕЕБРИГ)

Жарко Настоски

Македонска делегација на примопредавањето на командата на СЕЕБРИГ

Наум Локоски