Вo САД доделени Пулицеровите награди

Од:

Весникот „Њујорк тајмс“ ги освои овогодишните Пулицерови награди, вклучително за меѓународна репортажа на Дејвид Барбоса, кој откри случај на корупција на највисоко ниво во државната управа на Кина.

„Њујорк тајмс“ ја доби и наградата за истражувачка сторија, со која се открива како синџирот продавници „Волмарт“ плаќал поткупи, за да стане доминантен на пазарот во Мексико.

Агенцијата Асошиејтед прес го доби Пулицер за новинарска фотографија за граѓанската војна во Сирија.

Пулицер се доделува секоја година од Колумбискиот универзитет по препорака на комисија новинари и претставници на други професии. Се смета за најпрестижната награда во печатени медиуми и е придружена од парична награда во износ од 10.000 долари.

Оваа година на конкурсот учествуваа над 2.500 кандидати во 21 категорија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија