Турската полиција заплени вкупно еден 1,1 тони хашиш при операција спроведена во Истанбул, во Сакарја во северозападниот дел на Турција и во Невшехир во централниот дел на земјата.
Екипи на Одделот за борба против шверц на дрога при истанбулската полиција извршиле претреси на различни адреси во Истанбул во домовите на лица, за кои утврдиле дека се занимаваат со трговија на дрога.
Во операцијата биле уапсени вкупно 14 лица, кои признале дека со камион пренесуваат хашиш во Истанбул преку Дијарбекир.