Мото ГП се враќа на крајот на јули со две кола во Херез

Од:

Раководството на Мото ГП, заедно со регионалната власт на Андалузија и градскиот совет на Херез, ќе направат предлог до шпанските власти да ја започнат сезоната 2020 година со две трки во Херез.

На оваа патека може да се возат две кола од светскиот шампионат на крајот на јули.

Првиот натпревар ќе биде закажан за викенд помеѓу 17 и 19 јули и ќе биде отворен за сите класи.

Мотоциклистите ќе останат во нивните хотели до следната недела, кога ќе се одржи второто коло.

Плановите беа усвоени за време на состанокот помеѓу властите на Андалузија, градоначалникот на Херез и долгогодишниот извршен директор на „Дорна“, промотор на трката, Кармело Еспелета.

Сепак, почетокот на сезоната во Мото ГП продолжува да зависи од мерките на безбедност во Шпанија, кои во последните две недели постепено опаѓаат.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска