Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Од:

Поведена е истрага за силување против косовски државјанин, кој во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче. На осомничениот му е одредена мерка притвор од 30 дена, но тој се уште не им е достапен на органите за прогон.

Основното јавно обвинителство Кавадарци информира дека донело наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Косово со престојувалиште во Росоман, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – силување од член 186 став 5 в.в. став 2 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, кој бил вработен како овчар, на 2 мај, во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче. Момчето за да се одбрани го удрило осомничениот со бокс, по што тој се тргнал и го напуштил местото, информира обвинителството.

Осомничениот не е достапен на органите на прогонот, а по предлог на надлежниот јавен обвинител, Судот во отсуство определи мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Би можело да ве интересира

Славонец пред истражителите призна дека силувал овца, кобила и мртва кокошка

Уапсен е 17 годишник во Ниш под сомнение дека силувал 14 годишно девојче

А1он

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Кевин Костнер e обвинет за силување

34-годишен маж силувал 14-годишно девојче

Македонски државјанин е осомничен дека се обидел да силува девојка во Белград