Потресната приказна на Марина Чепмен потсетува на онаа од познатиот роман „Книгата за џунглата“.
Потсетува, но е далеку од нејзината која е посурова и вистинита.
Нејзините први спомени од детството се поврзани со густите шуми, река која протекува покрај нешто што наликува на колиба, а доцните попладневни часови ги поминувала висејќи на гранките на огромните дрвја.
Чепмен била киднапирана кога имала три години, но по игра на случајот, киднаперите ја оставиле во колумбијската џунгла со надеж дека нема да преживее.
За среќа успеала да преживее, благодарение на дивите животни и тоа пред се на мајмуните, кои ја прифатиле во своите заедници, пишуваат британските медиуми.
Нејзината потресна приказна, доби нов тек откако во околина на пограничниот град Кукута, е пронајдена од ловци.
Средбата со цивилизацијата не била онаква каква што би очекувала, па девојчето се нашло на улица.
Дури и кога со помош на социјалната служба била посвоена, нејзината агонија не завршила, бидејќи родителите ја злоставувале.
Успеала да ги прескокне и преживее сите бариери што животот и ги подарил, па Чепмен денес е успешна жена, мајка и баба, волонтер и експерт на јужноамериканската кујна.
Својот тежок живот го раскажа во мемоарите „Девојчето без име“, кои се очекува да се појавата во книжарите ширум светот.
Елена Георгиевска