Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека планира да го посети Појасот Газа по посетата на Вашингтон на 16 мај, каде треба да се сретне со американскиот претседател Барак Обама.
Обама минатиот месец посредуваше во помирувањето меѓу Турција и Израел, откако двете земји ги прекинаа дипломатските односи во мај 2010 година, кога израелски командоси упаднаа на турски брод, кој превезуваше хуманитарна помош за Палестинците и при тоа убија девет турски активисти.
Ердоган се откажа од претходните планови за посета на Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, поради загриженоста на Вашингтон.