Турција планира да ги зголеми казните за сексуалното насилство врз деца

Од:

Турција планира да ги зголеми казните за секуално насилство врз деца. Министерствата за правда и за семејство и социјална политика подготвија заеднички проект, кој предидива максималната затворска казна за сексуалните злосторници врз деца да биде зголемена на 18 години.

Во случај кога жртвите на сексуално насилство се повредени, казната се зголемува за 50 отсто. Со овој предлог на министерствата се отвара патот за хемиска кастрација на педофилите.

Изработката на проектот, кој следните денови ќе му биде предаден на Министерскиот совет, траеше една година.

Новиот нацрт-закон за сексуално насилство врз деца повторно стана актуелен по случајот во Ѓолџук, во западна Турција, каде 29 мажи, меѓу кои и еден полицаец беа уапсени поради групно силување на 13-годишно девојче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски