Американската асоцијација разгледува можности за одржување на УС опен

Од:

Пред неколку дена, Американската тениска асоцијација објави дека на УС Опен натпреварувањето ќе се игра нормално, кон крајот на август и почетокот на септември во Њујорк, но директорот на федерацијата, Мајкл Даус во понеделникот изјави дека една од опциите е да се пресели турнирот во Индијана Велс во ноември.

– Оваа опција ја имаме на располагање ако работите со коронавирусот не се подобрат. Сè е подобро од откажување, рече Даус.

Гренд слем турнирот УС Опен е предвидено да започне со квалификации на 24 август, а со оглед на тоа што Њујорк е најголемото фокусно место на американскиот коронавирус, сигурно е дека ќе се игра без гледачи.

Индијан Велс е втор по големина тениски комплекс во САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз