ВИДЕО: Хафтор Бјорнсон подигна тег од 501 килограм

Од:

Глумецот Хафтор Бјорнсон, нам познат по серијата „Игра на престолите”, го собори светскиот рекорд во дисциплината „мртво дигање тегови”.

Популарниот сер Грегор „Планината” Клегејн, својот рекорд го постави во вежбалница на родниот Исланд. Тегот беше тежок 501 килограм, а тој издржа две секунди, по што следеше и победничкиот крик.

Настанот го пренесуваше ЕСПН, а снимка е објавена и на Јутјуб-каналот на Бјорнсон. Глумецот, висок 2,05 метри, во 2018 година победи на натпревар за најсилниот маж на светот.

– Прилично сум горд, знаете. И многу сум среќен, вели Бјорнсон во видеото.

Претходниот рекорд во „мртво кревање” од 2016., му припаѓаше на Британецот Еди Хол, кој стана првиот човек којшто подигнал тег од 500 килограми.

Би можело да ве интересира

ИОК може да го исклучи кревањето тегови од Олимпијадата во 2024 година

Ана Ололовска

Стаменковски со златен медал во пауер-лифтинг се враќа од Атланта

Ана Ололовска

Стаменковски единствен Македонец на Светското првенство во кревање тегови

Ана Ололовска

Земјотресот во Мексико одложи две светски првенства

Ана Ололовска

Алексеј Ловчев нов светски рекордер со 264 и 475 килограми

Емир Латифовиќ

Трикратниот светски шампион во дигање тегови позитивен на допинг тест

Ана Ололовска