(ВИДЕО) Атансаов: Дополнителни 3 денари за откуп на зелката и 110 милиони денари за поддршка на земјоделството

Од:

„Со конкретни мерки и проекти Владата предводена од СДСМ им помага на земјоделците и овозможува намалување на штетните последици и нивно побрзо закрепнување од глобалната здравствена и економска криза.

Обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со што го стабилизираме пазарот со зелка и им помагаме на земјоделците“, рече Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

За нив е обезбедена финансиска поддршка во износ од 3 денари по килограм зелка, а исплатата се однесува за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година.

На овој начин обезбедуваме стабилизација на пазарот со зелка кој во месец април беше дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена, како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

Дополнително, обезбедени се средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година, кои ќе се искористат за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците. На овој начин се грижиме за домашното производство и за земјоделството како исклучително важна гранка во македонската економија.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со вистинска и конкретна помош за земјоделството и руралниот развој“, изјави Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата