Камерон и Меркел разговараа за реформите во ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера на германската канцеларка Ангела Меркел и ги изнесе ставовите на Велика Британија за ЕУ и промените кои е неопходно да се направат.

Камерон со своето семејство на покана на Меркел е гост во нејзината резиденција во Мезеберг во околината на Берлин.

За прв пат Камерон од како стана премиер на државата, патува во странство со своето семејство.

Кога станува збор за ЕУ, премиерот го претстави својот став за реформите.

Двајцата се сложија дека Европа по брза постапка треба биде конкурентна и флексибилна, стои во соопштението на британската влада.

Се додава дека и Меркел и Камерон сакаат реализацијата на постоечките договори за трговија помеѓу ЕУ и другите пазари побргу да напредува.

Помеѓу останататото разговараа и за претстоечкиот Самит на Групата осум индустриски најразвиени држави (Г8), како и за состојбите во Сирија, Авганистан и Иран, се наведува во соопштението на британската влада.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија