Европската унија не ја разгледува можноста за зголемување на гарантираните банкарски депозити над сто илјади евра, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар и финансиски услуги Мишел Барние како одговор на прашањето дали ЕУ планира да ги приближи нормите за банкарските вложувања до тие во САД, каде се гарантираат депозитите до 190 илјади евра.
– Сега наша задача е да обезбедиме секаде, во сите земји од ЕУ, стриктно почитување на гаранциите на депозитите до сто илјади евра, рече Барние.
Тој не ја исклучи можноста во иднина кога економската ситуација ќе се подобри прашањето за зголемување на нивото на гарантирањето на депозитите повторно да биде разгледано.