Баросо очекува наскоро да почнат преговорите меѓу ЕУ и САД за слободна трговија

Од:

Преговорите за склучување на спогодба за слободна трговија меѓу Европската унија и САД се очекува да почнат најблиска иднина, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, јави ДПА.

Баросо, кој беше во Њујорк на конференцијата на Обединетите нации и се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека очекува преговорите да почнат во првата половина од оваа година.

Тој нагласи дека текот на настаните зависи од тоа дали Вашингтон е подготвен да ги почне преговорите и дали поединечни членки на Унијата исто така ќе им дадат зелено светло.

– Се надевам дека ќе добиеме мандат во следните недели, нагласи Баросо.

Предложеното Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство би покривало трговска зона со вкупно население од над 800 милиони лица – 500 милиони во Европа и 300 милиони во САД. Преговорите, според аналитичарите, можат да траат со години, пред да се постигне конечна спогодба.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија