„Милијардерот“ и инвеститор, Субрата Рој: Имам помалку од 1 милион долари

Од:

Субрата Рој, милијардерот и големиот инвеститор, како што беше најавен од Владата и со кој се изнаслика и испофали цел кабинет на Груевски, признава дека има само 970.000 долари.

Рој, газдата на конгломератот „Сахара“, на сослушувањето пред моќниот регулатор на пазарот СЕБИ, изјави дека неговиот имот е помал од 1 милион долари.

„Утрински весник“ пренесува дека Субрата Рој е заплеткан во битка со индискиот регулатор СЕБИ, кој го обвини дека со шемата на обврзници, измамил милиони граѓани.

„Сахара Груп“, компанијата на Субрата Рој, е под сомнение дека проневерила над 3 милијарди долари, афера во која се оштетени над 110 помали инвеститори.

За време на сослушувањето, за имотот што го поседува, Рој изјавил дека заедно со сопругата имале златен накит и драгоцени камења во вредност од 600.000 долари, фиксни депозити во вредност од 300.000 долари и 70.000 долари готовина и банкарски заштеди, односно вкупно 970.000 долари.

„Вкупно имам не повеќе од 1 милион долари“, изјави Рој.

Индиецот Субрата Рој, најавуваше мега инвестиции во Македонија, пренесуваат индиските медиуми.

Ветуваше луксузен хотелски комплекс на брегот на Охридското езеро, инвестиција вредна стотина милиони долари и грандиозен споменик на Мајка Тереза во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска