Кривична пријава за пуштање фасификувани пари во употреба во Делчево

Од:

Триесет и двегодишник од Делчево доби кривична пријава за фалсификување банкноти од 2.000 денари. Според полицискиот извештај,лицето И.С.(32) од Делчево иако знаел дека банкнотите се лажни, не ги пријавил туку ги употребил во казино во Делчево.

– На 8 јануари.2020 во казино во Делчево пријавениот, иако знаел дека се направени лажни банкноти во апоени од по 2.000 денари, со ист сериски број, и бил должен да ги пријави како фалсификувани, тој му ги дал на лицето А.Д.(39) од Делчево, вработена во казиното, се наведува во полицискиот извештај.

Кривичната пријава е поднесена од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево