Турскиот претседател Абдула Ѓул предупреди на опасноста од „нов Холокауст“, доколку продолжи расизмот и недостигот на толерантност кон различните култури и религии во Европа, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
– Исламот и имигрантите во Европа ги има со векови. Додека луѓето во Европа на претставниците на различните култури и религии не им пристапат со толерантност, можно е да се случуваат нови убиства, дури и како оние злостроства во Сребреница, рече Ѓул во Анкара на отворањето на меѓународниот симпозиум на тема „Миграцијата, исламот и мултикултурализмот во Европа“.
Турскиот претседател уште посочи дека расизмот и недостигот на толерантност се некои од главните „заболувања“ на западните општества.
Ѓул посвети внимание и на зголемувањето на поддршката за политичките партии во Европа, кои тврдат дека имигрантите се главната причина за проблемите, поврзани со безбедноста, невработеноста, криминалот и сиромаштијат во европските земји.
Тој го истакна и на значењето на новиот закон за регулирање на имиграцијата и давање засолниште, донесен од турскиот Парламент на 4 април. Турскиот претседател го одобри законот на 10 април. ЕУ и повеќе организации за заштита на правата на човекот го поздравија донесувањето на долгоочекуваниот закон.