Турскиот парламент вчера ги усвои измените во антитерористичкиот закон со цел да се намали бројот на кривични дела.
Во Турција според широко дефинираните антитерористички закони, се поднесени тужби против стотина политичари, активисти и новинари, од кои на некои само поради изразување на мислењето или учество на протестите.
Десетици новинари на прокурдските медиуми се во затвор поради обвинение дека се членови на терористички организации, поврзани со курдските бунтовници, кои сакаат автономија на југоисток на Турција.
Долгите притвори пред почеток на судењето и бавните постапки, предизвикаа загрижување за човековите права во Турција, која „Репортери без граници“ ја опишаа како „најголем затвор за новинари на светот“.
Критичарите сметаат дека нема промени во другите права за ограничување на слободата на изразување и дека и покрај измените, законот им дозволува на обвинителите и судиите да дејствуваат против активистите повикувајќи се на клаузулата за закана на јавниот ред.
Елена Георгиевска