Европскиот комесар за проширување, Штефан Филе ја заврши посетата на Сараево, изразувајќи жалење поради неуспешните разговори со челниците на водечките партити во парламентот на Босна и Херцеговина, кои се обиде да ги поттикне не договор за деблокада на државните институции.
-Јас сега се враќам воБрисел, да размислам, а се надевам и дека политичките партии ќе го направат истото-изјави Филе и додаде дека сега е редот на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон и на државите членки да решат што ќе презмат за прашањето на БиХ.
Филе повеќе од десет часа, разговараше со претставници на седум партии, обидувајќи се да ги поттикне на договор за измени на уставот и изборниот закон, со кој би се отстранила дискриминацијата на националните малцинства во изборниот процес.
-Со жалење констатирам дека политичките партии во БиХ веќе три години не остварија никаков напредок во спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Сејдиќ-Финци- истакна Филе.
Тој наведе дека без спроведување на оваа пресуда нема да има понатамошен напредок на БиХ на патот кон ЕУ и дека ќе биде доведена во прашање легитимноста на изборите најавени за 2014 година.
Елена Георгиевска