Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 отсто.
Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, а 50 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 45 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 33,50 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,921 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 17,970 денари.