Шесткратната светска шампионка, Сјуневе Сулемдал ја заврши кариерата

Од:

Норвешката биатлонистка Сјуневе Сулемдал објави завршување на професионалната кариера.

– Презадоволна сум од тоа што го постигнав. Сега мило ми е што решив да си заминам, иако е многу емотивно. На есен ќе бидам студент со полно работно време. Јас едвај чекам да учам, отсекогаш бил мој сон.

Главниот момент на мојата кариера е златото на Светското првенство во Осло 2016 година. Беше совршен ден. Таа сезона ниту еднаш не се искачив на подиумот пред Светското првенство, изјави Норвежанката.

Сулемдал (31) е шесткратен светски шампион, има и бронзен медал на Светското првенство (сите во штафетни трки), победничка и медалистка на Светскиот куп во лични и штафетни трки.

Би можело да ве интересира

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Русинка лани настапуваше за Јужна Кореја, сега зеде српско државјанство

Ана Ололовска

Руска биатлонка суспендирана на 18 месеци поради пропуштени три допинг тестирања